Брус Вилис по долго време се појави во јавноста и ги загрижи фановите со својот изглед

0
217

Легендарниот холивудски актер Брус Вилис по долго време е снимен во јавноста.

 

Оваа недела папараците го фатија како се шета со пријателите во Лос Анџелес, а на фотографиите изгледа малку уморно и збунето. Многумина од обожавателите на актерот беа загрижени за неговата состојба по последните фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Минатата година на актерот му беше дијагностицирана афазија, пореметување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, што го принуди да се повлече од актерството.

Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошува и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој насмеан позира со сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур. и неговите ќерки.

 

 

„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му беше глас и комуникатор. Има денови кога гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Тој се чини дека се повеќе им се измолкнува. а тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостига стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните дечковци и им даваше несакани совети“, извор изјави за Дејли Мејл.

После тоа се дозна дека Брус оваа година ќе стане дедо. Среќната вест ја сподели идната баба Деми која на својот Инстаграм профил откри дека нивната ќерка Румер чека дете со момчето Дерек Ричард Томас. Покрај Румер, Вилис со својата поранешна сопруга има и ќерки Талула и Скаут и уште две со сегашната сопруга, чии имиња се Мејбел и Евелин.