Пејачот Никола Роквиќ тргна пешки на долго патување од 1.060 километри со хумана цел

0
68

38-годишниот српски пејач започна да пешачи од храмот „Света Сава“ во Белград, а планира да стигне до островот Егина каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Мисија на Никола е да собере средства за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детската онкологија. За тоа му се потребни 200 илјади евра, а тој досега има собрано 3 милиони динари.

Пред да замине на патувањето, Никола и неговата сопруга Бојана споделија дека ја основале Фондацијата „Семејство“, која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како светост. Фондацијата ќе им помага на многудетни семејства, како и на загрозени, талентирани и болни деца.

„Нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија“ – рече Бојана.

 

 

femina.mk