21-годишна девојка се бори за живот откако испила кафе од машина на аеродромот во Мајорка.
Кога ја испила првата голтка почувствувала дека кафето има чуден вкус, а кога погледнала во шолјата сфатила дека е полна со инсекти.
Набргу потоа доживеала анафилактичен шок, телото и отело и едвај можела да дише.
Веднаш била префрлена во болница каде поминала 36 часа на одделението за интензивна нега.
Инцидентот се случил на 22 април, а таа успеала да преживее благодарение на лекарите на аеродромот кои навреме и дале адреналин.
Нејзиното семејство го обвини аеродромот дека не го одржува адекватно уредот.
По овој инцидент, уредот е симнат од употреба.
telegraf.rs