Клима на мопед – Индија во една слика

Овие денови температурата во Индија редовно изнесува 45 степени, повремено достигнува и до 50 степени Целзиусови.

Од високите температури се погодени големи делови на Јужна Азија, од Шри Ланка преку Пакистан до Индија.

Сериозноста на ситуацијата ја покажува и апелот на Светската организација на ОН за заштита на децата, УНИЦЕФ, кој предупреди на посебните здравствени ризици за новороденчињата и малите деца. Тие не можат толку добро да се прилагодат на жештините како возрасните, истакна Санџаи Висјесекера, регионална директорка за Јужна Азија.

Властите очекуваат топлотниот бран да трае и следната недела. Експертите сметаат дека една од причните за рекордните високи температури е и промената на климата.

 

DW