Тешко повреден 49-годишен маж кој со „голф“ излетал од патот Радовиш-Штип

0
45

На 24.04.2024 во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од с.Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.