Тешко повредени две лица, едно полесно, откако со „мерцедес“ излетале од патот Кичево-Демир Хисар

0
196

Вчера во 13.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано Ј.В.(36) од Кичево, излетало од патот.

Притоа, возачот и сопатникот В.В. од Кичево се здобиле со тешки телесни повреди, додека вториот сопатник Ф.В. од Кичево, се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Извор: МВР