На 05.10.2023 околу 13.00 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Х.К.(52) од Скопје.
Тој бил баран по две централни потерници врз основа на наредби на Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од една година и седум месеци за сторено кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
MVR