Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено предупредување за цунами

0
156

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините.

Како што информираат од EMSC, издадено е и предупредување за цунами.

Земјотресот се случил во регионот Минданао, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јавува Ројтерс.