Данскиот „Лундбек“ ја купува „Лонгборд Фарм“, производител на лекови за епилепсија

0
12

Данската фармацевтска компанија „Лундбек“ објави дека е постигнат договор за купување на американската компанија „Лонгборд Фарм“ во вредност од 2,6 милијарди долари, со цел да се прошири продажбата на лекови за епилепсија, јавува Анадолу.

Во соопштението што го објави „Лундбек“, „Лонгборд Фарм“ ја прифати понудата за купување од страна на „Лундбек“ по 60 долари за акција.

Понудата одговара на вредност од околу 54,2 % над цената на затворањето на акциите на „Лонгборд Фарм“ со седиште во американската сојузна држава Калифорнија на 11 октомври.

Се очекува продажбата во вредност од 2,6 милијарди долари да заврши во четвртиот квартал на 2024 година, по средувањето на потребните дозволи.

Извор: Агенција Анадолија