Оливер Спасовски започна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици.
Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат
Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.
Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.
Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.
Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.
Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.
За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците?
Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите.
Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни.
Затоа колку побрзо заминат, толку подобро.
извор: ВМРО ДПМНЕ