Кузеска: ВМРО ДПМНЕ е криминална партија, прави опструкции за бизнис интереси и лични богатења

Со одговорни, државнички политики СДСМ ги остварува македонските стратешки, национални цели, поставени уште од независноста. Станавме членка на НАТО и започнавме преговори со Европската унија, со заштитен македонски идентитет, посебност и јазик. Во моментов имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ, имаме преговарачка структура, главен преговарач, со реална цел до 2030 година да бидеме полноправна членка на Унијата, истакна на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Во време на глобална и економска криза, владата предводена од СДСМ презема навремени мерки за обезбедување на храна и енергенси како и заштита на стандардот на граѓаните.

Додека СДСМ води државнички политики за граѓаните, гледаме опструкции, блокади, сопки од криминалната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

Фатени со рацете во медот, за тендери вредни над 136 милиони евра само се потврдува дека за ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник се важни само личните и бизнис интереси.

Затоа се сите опструкции, блокади, кочење на државата и работата на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега се против ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со својот проруски партнер Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите.

Не бираат средства и начин, па макар тоа било на сметка на стратешките интереси на земјата. За нив се важни само парите, провизиите и личното богатење.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата стара, нереформирана и криминална партија.

СДСМ нема да дозволи блокада на државата, продолжуваме по европскиот пат.

А на криминалната ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно како ден: секој што го прекршил законот ќе да одговара пред надлежните правосудни институции.

извор: СДСМ

видео: СДСМ