Стојаноски: Криминал од епски размери за надзор на коридорите 8 и 10д за набавка од 22 милиони евра, компанијата од негативна станала позитивна, менувани се и условите во тендерот

Ова што се случува со изборот на компанија за надзор е еклатантен пример зошто како држава изминативе 6 години не може да тргнеме ни чекор понапред. Тендери во 4 очи и местење на тендери од многу сериозни суми. Овде се работи за криминал од епски размери, за набавка од 22 милиони евра, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во „За или против“ на Алфа за скандалозниот избор за надзор на коридорите 8 и 10д.

Стојаноски појасни дека претходниот избор за надзор на компанија пропадна заради тоа што претходно избраната компанија не успеа да ја уплати банкарската гаранција од 8 милиони евра, а  таа набавка ја има добиено компанија од Велес, сопственик чие презиме е Ампов, за кого вицепремиерот Артан Груби рече дека се поништил тендерот затоа што имало руски капитал.

– Таму сега влегува во игра компанија која добива негативна референца од владата заради тоа што не ги исполнила обврските за пругата Бељаковце – Крива Паланка и владата носи заклучок на седница каде што им укажува на општините и државните институции, за капитални инвестиции над 1 милион евра да не соработуваат со компанијата. Во меѓувреме во собранието се случува гласање на стратешка соработка со Бехтел и Енка и 4 месеци по гласањето, министерот за транспорт и врски ја натсинхронизира владата и носи потврда со која укажува дека оваа компанија може слободно да оди пазарот и да соработува во проекти во Македонија, потенцира Стојаноски.

Тој додаде дека вториот сомнеж е дека додека трае тендерската постапка се менуваат услови, нешто што е невидено.

– Се продолжува рокот за 8 дена за да се дозволи на една компанија да извади лиценца и се брише одредбата дека треба да биде компанија која треба да има позитивен биланс на приходи ни изминатите три години, тоа се трга за да може шпанската Ептиса со негативна референца и негативен биланс да влегува во оваа набавка, склучува конзорциум во кој содружник е компанија на синот  на Ампов од Велес и тоа без вработени, изјави Стојаноски.

Стојаноски рече дека треба да се одговори по кој однос компанија за една година од негативна листа дошла во позитивна и зошто, зошто биле менувани условите во тендерската постапка и како Ампов таткото имал руски капитал, а синот немал.

извор: ВМРО ДПМНЕ