Формирање на Комисија во рамки на Гинекологија, ќе утврдува дали има грешка при постапувањето на медицинарите во случајот со бебето кое во текот на породувањето со царски рез на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доби скршеница на раката, објави ТВ 24.
На бебето веќе му е извршена имобилизација, а според директорката на клиниката Викторија Јованова тоа нема да има трајни последици.
– Проценката на педијатарот е дека се работи за една пареза уште веднаш кога е прегледано детето после царскиот рез. Се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува за 24 до 48 часа. Нашата комисија ја разгледува историјата меѓутоа првично тоа што јас се состанав и со комсијата неможе да се најде дека некаде е направена стручна грешка во работата на тимот кој што биле дежурни на 30 ти декември. – вели Јованова.
Во меѓувреме родителите Дамјановски трагаат по одговорите, таткото на бебето претходно тврдеше дека од него и сопругата било криено дека новороденчето има скршена рака за што дознале кога за првпат им било дозволено да го видат. Тој уверува и дека кога побарал информации за нивното бебе бил избркан од една од сестрите, додека сопругата успеала да го види бебето на пет минути по низа инсистирања.
Денеска директорката Јовановска вели дека претходно редителите не бебето неа ја немале побарано, но дека таа остварила средба со нив и им објаснила зошто се случила повредата на новороденчето.
извор: ТВ 24.