(ВИДЕО) Авион принудно слета откако отпаднал дел од трупот на авионот на лет на „Алјаска ерлајнс“

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот објави дека го истражува летот на Алјаска ерлајнс откако неговиот Боинг 737 мораше да изврши принудно слетување веднаш по полетувањето од Портланд.

https://twitter.com/1in1indianews/status/1743482598037618896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1743482598037618896%7Ctwgr%5E3f2cb4d7ddb24a43eb031c46876b3e57704d5114%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fsvet%2Favion-prinudno-sleta-otkako-prozorets-i-stranichen-zid-se-otkornaa%2F

Летот 1282 на Алјаска ерлајнс имаше несреќа по полетувањето, поради што принудно слета. Во авионот имало 174 луѓе и шест членови на екипажот, пренесува Ројтерс.

Објавите на социјалните мрежи покажаа дека недостасува прозорец и дел од страничниот ѕид на авионот. Засега нема коментар од производителот.