Најбезбедните европски земји за патување во 2023 година

0
288

Американската компанија Berkshire Hathaway Travel Protection ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година.

 

Годишниот преглед на американската компанија за патничко осигурување Berkshire Hathaway Travel Protection (BHTP) ги открива 15-те најбезбедни земји за патување во 2023 година – вклучувајќи 11 во Европа, пренесува Euronews.

 

Неколку фактори придонесуваат за рангирањето, вклучувајќи ги резултатите од истражувањето на луѓе кои посетиле дестинации, Глобалниот индекс на мирот (GPI), најновите совети за патување на Стејт департментот на САД и резултатите од GeoSure Global, кои комбинираат предупредувања за криминал, здравје и патувања за големите градови. .

 

Надвор од Европа, на листата на најбезбедни се најдоа Австралија, Канада, Нов Зеланд и Обединетите Арапски Емирати. Ова се 11-те европски земји кои се најдоа на ранг листата: Белгија, Велика Британија, Ирска, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Германија, Норвешка, Исланд, Данска и Холандија.

 

index.hr