(ВИДЕО) Големо невреме во Калифорнија, евакуиран град во кој живеат познати личности

Целиот Монтесито, делови од Санта Барбара и другите околни градови во Калифорнија добија наредба да се евакуираат во понеделникот вечерта поради зголемен ризик од поплави и лизгање на кал, откако друга силна зимска бура ја погоди областа.

Екстремното зимско време трае десет дена во Калифорнија, а според гувернерот Гевин Њусом однело најмалку дванаесет животи. Огромните бранови ги опустошија крајбрежните енклави во понеделникот, силните ветрови урнаа дрвја и оставија десетици илјади луѓе без струја, а синоптичарите предвидуваат уште дождливо време. Наредбата за евакуација на околу 10.000 луѓе беше издадена на петгодишнината од лизгањето на земјиштето во кое загинаа 23 лица и беа уништени повеќе од сто домови во Монтесито.

Жителите со денови се борат со поплавите и свлечиштата. Сместен меѓу планините и Тихиот океан, отмениот Монтесито е дом на познати личности како Опра Винфри, Роб Лоу и Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс.

 

Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека одлуката за евакуација е „заснована на континуираната висока стапка на врнежи без индикации дека ќе се промени пред да падне ноќта“. Потоците се излеаја и многу патишта беа поплавени, изјави шерифот. Населените места покрај околните кањони на кои им е наредено да се евакуираат живеат во подножјето на ридовите соголени од пожарите кои со години беснеат во областа.

 

По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки и потоци. Округот Санта Круз – сè уште се соочува со голема штета долж брегот од минатонеделната бура – повторно забележа некои од најголемите штети.

 

index.hr