Реал Мадрид ја освои 36. титула шампион на Шпанија во фудбал

0
45

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ја освои 36. титула шампион на Шпанија во фудбал откако вчера го совлада Кадиз, а во вечерните часови Барселона загуби од Џирона во 34. коло на Ла лига, известува Анадолу.

Реал Мадрид славеќше на Сантјаго Бернабеу против Кадиз со резултат 3:0, што претставуваше чекор до шампионската титула на Шпанија. Но Реал не чекаше долго, бидејќи во тоа му помогна Барселона која загуби на гостински терен од Џирона.

Барселона загуби со резултат 4:2 и останувајќи без бодови во ова коло, Реал ја загарантира титулата во шпанската Ла Лига четири кола пред завршувањето на првенството.

На врвот на шпанската фудбалска Ла Лига се наоѓа Реал Мадрид со 87 бодови, втора е Џирона со 74, а трета е Барселона со 73 бодови.

Извор:Анадолу.
фото:Анадолу.