Со редовната авионска линија Истанбул-Скопје Љупчо Палевски Палчо, осомничен за двојно убиство во Македонија, вечерва од турските власти беше екстрадиран на македонските правосудни органи.
Тој со полициска придружба ќе биде спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Се очекува негов распит пред истражен судија и негов 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим.
Палевски е осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.
Видео: Телма