Како што пренесува „360“ новиот предлог ќе биде Хекуран Асани, кој е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од Статутот на Акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ.
Првичниот предлог за нов директор на М-НАВ Илир Мехмеди, не ги исполнува условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што нема валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, има најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.
Ова за Плусинфо го потврдуваат од Владата од каде што најавија дека наскоро ќе биде познат новиот предлог за дикретктор на Македонска навигација.
Како што пренесува „360“ новиот предлог ќе биде Хекуран Асани, кој е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од Статутот на Акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ.
Инаку Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје, да изврши смена на двајцата извршни директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.
Според препораката на Владата на нивно место требаше да се изберат Илир Мемети и Милан Кораќ, но како што веќе напишавме Мемети не ги исполнува условите според статутот на М-НАВ.
Третиот директор Хасим Деар останува на својата позиција, бидејќи тој неодамна бил назначен на оваа функција и нема врска со случувањата во М-НАВ.