Тешка сообраќајка меѓу полициско и цивилно возило – осум повредени, од нив тројца полицајци

На 08.01.2024 во 17.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(62) од с.Арачиново-скопско, и возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од лице(43) од с.Облавце-кумановско.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле А.Б., О.С., како и уште тројца полициски службеници кои биле во возилото „дачиа“ и уште три сопатнички од патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.