(ВИДЕО) Брутално убиство на Србин во Бразил, 10 години бил во бегство – го застрелале пред сопругата и детето

Четириесет и тригодишниот Дејан Ковач е убиен во Бразил, поточно на брегот на Сао Паоло на 5 јануари, кога напаѓач испукал неколку куршуми пред куќата во која живеел со семејството, јавуваат бразилските медиуми.

Како што пишуваат српските медиуми постојат сомнежи дека се работи за Дарко Гејслер Недељковиќ (43) од Панчево, кој користел лажен идентитет во Бразил. Наводно, Недељковиќ бил член на шкаљарскиот криминален клан, а се барал за убиството на Баранин Андрија Мрдак во 2014 година пред затворот Спуж.

Ковач бил убиен пред очите на својот четиригодишен син и неговата сопруга додека бил пред семејната куќа во која вообичаено работел како столар, пишува порталот g1.globo. Соседите го опишаа како воздржана и мирна личност. Велат дека во овој крај со семејството живеел околу четири години.

Во моментот на нападот жртвата возел велосипед со сопругата и синот. Откако застанале пред капијата на куќата, се појавил напаѓач кој притрчал и испукал неколку куршуми кон Ковач. Во тој момент жртвата паднала на тротоар, а детето паднало од велосипедот.

Кон него биле испукани најмалку три куршуми. Брзата помош успеала да му помогне, но Ковач доживеал кардиореспираторен застој и починал. Како што информираа од полицијата, убиецот во моментот на злосторството носел ракавици и маска, а откако го извршил делото побегнал со црн автомобил.

Медиумите во Србија јавуваат дека жртвата со години наназад се поврзувала со Шкаљарскиот клан. Други официјални детали за овој случај нема, истрагата е во тек.