(ВИДЕО) Автобусот во Србија излегол од патот и влетал во дворот на семејна куќа – повреден е возачот на автобусот

Автобусот во Србија излегол од патот и влетал во дворот на семејна куќа во Заклопача. Несреќата се случила нешто пред седум часот, а според неофицијални информации, возачот во еден момент изгубил контрола над возилото.

Автобусот ја уништил оградата и завршил веднаш до објектот.

Во несреќата е уништен предниот дел од возилото.

Во моментот на несреќата во автобусот немало патници, само возачот, кој бил пренесен во болница. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)