„Маж“ споделувал експлицитни фотографии од поранешната жена

0
159

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно, соопшти МВР.