Девет рудари се заробени во окното во рудник за злато во источна Турција по лизгање на земјишто

Се стравува дека девет рудари се заробени во рудник за злато по лизгање на земјиштето во провинцијата Ерзинџан во источна Турција, соопштија локалните власти.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека нема вести за деветте рудари откако се случи одронот и дека во моментот на терен се повеќе од 400 спасувачки тимови.

Гувернерот на провинцијата рече дека „има луѓе закопани под земја, но бројот не е јасен. Нашите напори за пребарување и спасување се во тек“.

Градоначалникот на седиштето на провинцијата, Бекир Аксун, од друга страна, за локалните медиуми изјави дека меѓу 10 и 12 рудари се водат за исчезнати.

Anagold Mining работи со рудникот Коплер од 2009 година. Во рудникот се вработени вкупно 667 рудари.

Компанијата рече дека нејзиниот „главен приоритет во овој тежок момент е здравјето и безбедноста на нашите рудари“.

Министерот за правда Јилмаз Тунч најави дека во тек е истрага за да се истражат причините за несреќата.

Фото: Принтскрин/Твитер