Елејн Хол конечно ја облече венчаницата што отсекогаш посакуваше да ја носи.
Среќната невеста, која тврди дека никогаш не е предоцна за љубов, се омажи на 88-годишна возраст со симпатијата од детските денови, Роланд Пасаро.
„Вљубувањето е возможно на која било возраст“ – тврдат сега тие.
Вљубените старци првпат се запознале пред 74 години, кога учеле во средно училиште. Таа била мажоретка, а тој играл бејзбол и бил мошне популарен.
„Кога ја видов, помислив дека е многу убава и возбудлива… Сметав дека е прилично атрактивна“ – рекол Пасаро.
За жал, по завршувањето на средното училиште, патиштата им се разделиле. Хал се омажила за друг маж на 18-годишна возраст, но не била облечена во невестинскиот фустан кој го сонувала.
„Роланд секогаш имаше специјално место во моето срце сиве овие години. Честопати се прашував како е, дали е среќен, дали има убав живот“ – рекла таа.
Пасаро бил успешен бејзбол играч, но поради повреда бил принуден да се откаже од кариерата. Тој се оженил и добил тројца синови, но за жал, во 2002 година неговата сакана и еден од синовите починале.
Следната година, Роланд и и Елејн присуствувале на истата забава по повод 50-години од нивната матура. Искрата меѓу нив повторно се разгорила. На крајот од вечерта, тој спонтано ја бакнал. Во месеците кои претстоеле, нивната врска станала романтична и во 2004 година, таа се преселила кај него во Мајами.
По 20-годишна врска, тие одлучиле да стапат во брак.
„Кога пристигнав кај него, тој ми рече дека изгледам преубаво. Прекрасно е. Се чувствувам исто како на 15-годишна возраст. Сè уште имам пеперутки во стомакот. Многу го сакам“ – рекла Елејн.
Брачните партнери се физички и ментално многу активни. Тие заедно играат голф и пешачат, а Роланд тренира во домашни услови. За да го стимулираат нивниот ум, тие решаваат загатки и крстозбори.
„Мора да се движиш. Вистинска работа е да не седиш на каучот до крајот на твојот живот“ – велат тие.
femina.mk