Извештај: Епл и Гугл во преговори да го вклучуваат „Џемини Аи“ во Ајфон

Технолошкиот гигант Епл со седиште во Купертино е во преговори со Гугл за да ја вклучуваат вештачка интелигенција „Џемини Аи“ во ајфоните, се вели во извештајот на Блумберг, пренесува Анадолу.

Според извештајот, производителот на ајфон неодамна разговарал и со ОупенАи, креаторот на неизмерно популарниот ЧетЏПТ (ChatGPT), за можно лиценцирање на нивниот модел со вештачка интелигенција.

Доколку се постигне договор за Џемини, долгогодишното партнерство на двете компании ќе се продлабочи, иако тие ќе продолжат да бидат конкуренти во сферата на паметни телефони со нивните оперативни системи Андрод и ОС.

И покрај тоа што се директни конкуренти, Гугл и Епл имаа меѓусебна врска бидејќи првиот му плаќа на вториот милијарди долари секоја година за да го задржи пребарувачот Гугл како стандарден во интернет-пребарувачот на ајфон, Сафари.

Епл досега не зборуваше за сопствената работа на пребарувачите со вештачка интелигенција, но очигледно заостануваше во трката за вештачка интелигенција и покрај тоа што масовно ја популаризира со објавувањето на ајфон 4S, во кој беше вклучен виртуелниот асистент Сири базиран врз вештачка интелигенција на крајот на 2011 година.

Извештајот на веб-страницата за вести 9To5Mac тврди дека кодот на Сири „сега е хаос“ што не може да се поправи поради фактот дека Епл го задржал својот оригинален код и направил дополнувања на кодот само откако ја купил истоимената апликација – наместо „всушност да работи на негова нова верзија“.

„Резултатот е дека кодот на Сири сега е хаос, а она што многу извори го велат е дека никој во Епл навистина не сака да биде тој што ќе го смени“, рече Филипо Еспосито од 9To5Mac во извештајот.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.