На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд. Тогаш температурите на многу места низ Македонија температурите ќе се искачуваат до околу 30 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.
Сепак и покрај ова, Атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и во текот на следната седмица се очекува попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во новиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.