Шумскиот ѕвер влетал во зградата кога немало никој внатре, но соседите го забележале. Потценување е да се каже дека не им било грижа.
Мечката била фатена на камерата како го напушта „местото на злосторството“ со крунски докази. Во устата носела кеса со колачиња Орео, кои очигледно не сакала да ги пропушти.
Сосетката Вина Кори за локалните медиуми изјавила дека истото животно, сега познато како „Орео“, претходно упаднало во нејзината гаража.
Тогаш „украла“ чоколадна торта од фрижидерот, пренесува UPI.com.
„Не можам да го оставам прозорецот отворен, за да не влезе вака, страв ми е“, рече таа.