Српската пејачка Јелена Карлеуша на 17 август го прослави 44-иот роденден. Карлеуша со своите ќерки Атина и Ника отпатува за Дубаи каде уживаат во продолженото славење на роденденот.
Претходно, пејачката имаше фотосесија по повод роденденот, за чии потреби ја облече креацијата на македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
Фустанот е уникатен, и одлично и прилега на Карлеуша.
Ова не е првпат познатата пејачка да носи креација од Јовановски. Карлеуша носеше негова креација и за потребите на снимањето за српскиот магазин „Хелоу“
plusinfo.mk