(ФОТО) Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон се официјално во љубовна врска

0
202

Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски се официјално во љубовна врска, а тоа го потврдија и фотографиите направени пред зградата во Њујорк во која манекенката живее.

Извор за „US Weekly“ неодамна изјави дека парот се забавува веќе неколку месеци.

Гласините за нивната врска започнаа да се шират минатата недела, откако еден корисник на Твитер напишал дека ги видел Емили и Пит на романтична вечера во Њујорк.
Комичарот во август стави крај на врската со Ким Кардашијан, која траеше неколку месеци, а парот одлучил да остане во пријателски односи.

Од друга страна, Ратајковски беше неодамна фотографирана како се бакнува со маж чиј идентитет не е откриен, а неодамна се разведе од Себастијан Бер Меклард откако тој ја изневерил. Беа во брак 4 години и го имаат синот Силвестер.

Дејвидсон беше претходно во врска со многу дами од светот на шоубизнисот како Кејт Бекинсејл и Каја Гербер, а беше верен со Аријана Гранде.

 

 

tocka.com.mk