Љубовниот живот на Емили Ратајковски е тема на медиумите во последните неколку месеци, а на новата снимка која протече во јавноста се чини дека манекенката има ново момче. Британскиот таблоид Дејли Мејл сподели како се бакнува со уметникот Џек Грир.
Интересно, претходно беше објавено и дека Ратајковски наводно се забавува со комичарот Пит Дејвидсон, а таа неодамна откри во нејзиниот подкаст High Low дека користи апликации за запознавање „за инает затоа што другите луѓе и рекле дека не треба“.
Откако манекенката и комичарот Дејвидсон се појавија заедно на кошаркарски натпревар во ноември, се шпекулира за нивната романса. Тие беа снимени и како се бакнуваат, а претходно овој месец извор изјави дека нивната врска станува посериозна и дека уживаат во друштво.
View this post on Instagram
Сепак, се чини дека тие не се официјално во врска со оглед на тоа што Дејвидсон поминува време и со друга девојка, неговата колешка од Bodies, Bodies, Bodies, Чејс Суи Вондерс.
Инаку, Дејвидсон ја прекина врската со Ким Кардашијан летото оваа година, а Емили со режисерот Себастијан Бер МекКлард, со кој беше во брак четири години, пред пет месеци. Неодамна беше објавено дека таа е во врска со диџејот Орацио Рисп.
index.hr