Јас мислам брат, треба да се воведе титула „жениште“. Дека за некои жени, називот „жена“ е едноставно недоволен. Нешто ко шеска на испит. Се положува и со шеска, нели, ама некако килавко. Не, стварно, не можам а да не им оддадам респект и должно воодушевување на некои не баш ретки примероци од „понежниот пол“, напиша на својот ФБ профил Драган Таневски.
Тој со својата објава на ФБ во која може да навистина ги опиша жените во права смисла на зборот ги воодушеви не само припадничките на понежниот пол, туку и искрените мажи. Токму поради тоа ви ја пренесуваме објавата во целост:
-Намерно го ставив „нежниот пол“ во наводници дека не знам која незналица го смислила тој термин, ама кој и да е, би го ставил 24 часа во улога на една просечна сопруга и мајка. Верувај ми после сам ќе трча за да се корегира и да скова некој друг, посоодветен назив. Дека полнокрвните суштества недоволно наречени – „жени“ се многу повеќе од тоа. Дај им разбирање и љубов – ќе ти дадат – дом. Дај им мазење, гушкање и интимност – ќе ти дадат – потомство. Може ќе стаат некое килце вишок, ама немаат од што да се срамат брат. Знаат да живеат со полни едра… и ако им дозволиш, ќе те научат и тебе. У кафана – рацете им се у вис, а грлото – обавезно до даска. Фрлаат штикли и скокаат на пајдушко. За што и да се фатат – тоа или процветува, или се позлатува. Стануваат први, легнуваат последни, но и покрај сите обврски, наоѓаат време и за својот избраник… секоја вечер да му приредат огномет. Тој, среќникот, ако е малку паметен… малку само ако е паметен брат, нема никогаш ни да помисли на некоја фуфица со интересни облини. Па дури и да му ја сервираат на послужавник. Да е малку само паметен, би ја погледнал, би се насмевнал и би рекол – кукло, ти дал Господ се, нема збор… ама толку сум полн со неа, што не би имал каде да те ставам тебе.
Не стварно. Има едни женишта брат…
извор: ФБ Драган Таневски