1893 Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
1917 Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942 Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944 Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944 Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954 САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956 Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973 Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.