Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро).
-Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија.
ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра. Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари.
kurir.mk