Поддржувачите и роднините на Алексеј Навални го одбележуваат 48-от роденден на покојниот руски опозициски лидер на 4 јуни на настани организирани во странство, додека во Русија луѓето му оддаваат почит на неговиот гроб во Москва и на спомениците во другите градови и покрај предупредувањата за неовластени собири.
На 16 февруари беше објавено дека Навални починал во затворот „Полар волк“ на рускиот Арктик, каде што отслужуваше 19-годишен затвор поради екстремизам и други обвиненија кои тој и неговите поддржувачи ги отфрлија како политички мотивирани.
На 4 јуни во Берлин во присуство на неговата вдовица Јулија Навалнаја беше одржана комеморација за Навални, додека подоцна во текот на денот неговите соработници најавија концерт под наслов „Здраво, ова е Навални“, со настап на уметници кои се противат на војната и на режимот на претседателот Владимир Путин, вклучувајќи ги AIGEL, Casta и Noize MC.
slobodnaevropa.mk