Мајката на Вања: Вања замина да живее со татко ѝ, но се скара и со него и побара да се врати дома

Aлександар беше премногу импулсивен, немавме голема комуникација освен за децата. Се грижеше за децата, но понекогаш им викаше и тие се лутеа поради тоа, откри Зорица Ѓорчевска во улога на сведок на денешното рочиште за двојното убиство на нејзината малолетната ќерка Вања и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје, објави РЕПУБЛИКА.

Тој имаше клуч од станот, на мое инсистирање, поради тоа што беше патент брава и може да се случи да останат надвор што еднаш и се случи, објасни Зорица.

Зорица раскажа и дека додека биле во брак таа воглавно се грижела за финансиите бидејќи Александар не работел. Поради тоа бил тажен и потиштен.

Вања во еден момент ми беше скарана и замина да живее со татко ѝ. Но, се скара и со него. Сакаше да се врати кај мене, но јас и реков дека не може да се врати додека не го подобри односот со татко ѝ. По некое време навистина го подобрија односот, вели Ѓорчевска.

Извор: РЕПУБЛИКА