(ВИДЕО ТЕЛМА) Инцидент во Собранието, нападнат заменик претседателот Мисовски, искршен монитор, микрофоните, расфрлани амандмани

Инцидент во Собранието, седницата беше приказната откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа се втурнаа кон него мавајќи го со хартиите од амандманите кои што Левица ги поднела за измени на деловникот, објави Телма .

Крмов потоа почнува да го крши компјутерскиот монитор и бара прекин на седницата. Ги фрла сите предмети од масата на претседателот на Парламентот на земјата. Крмов го уништува и спикерскиот телефон. Генералниот секретар на владата Цветанка Иванова која беше на смена покрај Мисовски, ја трга чашата со вода за Крмов да не ја искрши и повреди некој со стакло.

Потоа на Крмов му се придружува Апасиев кој со купишта хартија фрла кон Мисовски и го удира во рамето. Крмов ги влече и ги уништува и микрофоните на говорницата, па потоа и ги гази на подот. Од вратата од која вообичаено влегува собранискиот спикер, се појавува Талат Џафери кој се движи кон претседателското столче, а Крмов и Апасиев престануваат да фрлаат.

Инцидентот следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа. Седницата ја прекина спикерот Талат Џафери.

 

извор: Телма