Постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, за финалните ставови на политичките партии ќе се разговара кога ќе се постигне поширок консензус – порача премиерот Димитар Ковачевски од Прилеп.
Во предизборие кога политичките партии ги подгреваат тензиите особено по поставувањето на 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка, премиерот вели политиката да ги тргне рацете од верата и непотребно да не се подгрева состојбата.
Според него на државата и требаат одлуки во однос на интегрирање во ЕУ а не политички провокации.
фото: Архива