Љубителите на експлицитни видеа бараат Пендароски да ја прими домашната OnlyFans старлета Теодора

0
1229

По приемот организиран за хрватската старлета Нивес Целзиус домашната јавност остана збунета. Дел од јавноста ( пред се дипломатскиот еснаф )  негодува дека претседателот Стево Пендароски со приемот на разголената старлета го доурнисал угледот и достоинството на институцијата Претседател на Македонија, но негодуваат и љубителите на старлети и видеа за возрасни ( попознати како порничи ) кои велат дека Пендароски повторно не покажал сенс за домашен производ и дека во него нема никакво патриотско чувство.

Стево Пендароски – таткото на нацијата треба да го поправи овој впечаток и незадоволство кон него искажано од како што се нарекуваат македонските „порничари“ и треба по барање на „порно заедницата“ под итно да организира прием за нашата домашна најпозната OnlyFanas активистика Теодора Мартиноска која е далеку помлада и далеку повеќе популарна од веќе потрошената Нивес Целзиус која на времето ( кога не постоеше ни Инстаграм, а камоли OnlyFans ) покојниот Драган Вучиќ ја влечкаше по неговите шоу програми.

Младата Теодора неодамна објави експлицитено видео со светски познатата твезда раперот Тајга, за кој средовечната Нивес Целзиус веројатно и не знае ни кој е, но ако се земе предвид возраста на Педнароски сигурно и тој не знае кој е Тајга, но како што гледаме добро знае која е Нивес Целзиус.

Љ.Т.