(ФОТО) Автомобил пропадна во асфалтот во елитна белградска населба

Во белградската населба Врачар се урнал дел од асфалтот поради пукање на водоводна цевка. Според фотографија објавена на социјалната мрежа Икс, паркиран автомобил паднал во асфалтот.

Утринава околу 4 часот пукна водоводна цевка и се излеа вода на неколку улици. Поради големото количество вода, во тој дел на Белград не сообраќале трамваи, пишува Кликс.

Улицата е затворена за сообраќај, а местото каде што пукало го обезбедуваат припадници на МУП.