Претставници на Русија, Украина, Туркије (Турција) и на Обединетите нации (ОН) кои работат во Заедничкиот координативен центар формиран во кампусот на Универзитетот за национална одбрана, со два чамци заминаа да извршат инспекциски надзор на бродот од Украина натоварен со пченка кој пристигна во Истанбул синоќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне, кој заплови од пристаништето Одеса и кој превезува 27.000 тони пченка, се закотви во областа наменета за него кај Румелифенери во Истанбул синоќа околу 21 часот.
Заедничкиот инспекциски тим од центарот, кој ја следи и надгледува пловидбата на бродот, со чамците „Милева“ и „Ѓозџу-1“ тргнаа во инспекција на бродот.
Делегацијата ќе изврши инспекциски надзор на трговскиот брод во согласност со договорените процедури и принципи.
Заедничкиот координативен центар започна со своите активности во согласност со одредбите од Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа меѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации (ОН), под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.
извор: Агенција Анадолија (АА).