Канада воведува царини од 100 отсто за кинеските електрични возила

По примерот на САД и Европската унија, Канада во понеделникот објави дека ќе воведе царина од 100 отсто за увоз на кинески електрични возила и најави царина од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум од Кина.

Тарифите важат за сите електрични возила што се испорачуваат од Кина, вклучително и оние произведени во земјата од американската компанија Тесла, изјави претставник на канадската влада. По таа објава, вредноста на акциите на највредниот светски производител на автомобили падна за 3,2 отсто.

Канадскиот увоз на автомобили од Кина преку нејзиното најголемо пристаниште, Ванкувер, скокна за 460 отсто во 2023 година во споредба со претходната година, бидејќи Тесла почна да испорачува електрични возила произведени во Шангај во Канада, рече премиерот Џастин Трудо.

„Мислам дека сите знаеме дека Кина не игра според истите правила“, им рече тој на новинарите.

 

 

slobodnaevropa.mk