Иле Костадиновски е нов директор на РЕК Битола

Иле Костадиновски од раководството на АД ЕСМ е поставен за нов в.д директор на РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјата. Костадиновски доаѓа на местото на досегашниот управител Пеце Матевски, а за него единствено е познато дека е дипломиран правник по професија.

Пред неколку дена пак за прв човек на АД ЕСМ беше поставен Лазо Узунчев, поранешен директор на познат ланец маркети за бела техника.