(ФОТО) Водата ни бега, постојано ни бега, секој месец се влошува ситуацијата

0
27

„Водата ни бега, постојано ни бега. Секој месец се влошува ситуацијата. Ако до пред некое време дрвената платформа беше во вода, сега е сосема на суво” – велат жителите на селото Стење кои се сведоци на секојдневното повлекување на водата на Преспанското езеро. Иако со години наназад тлее надеж дека ќе се сочува и ќе се врати стариот сјај на едно од трите најголеми природни езера во земјата, од година во година ситуацијата само се влошува. Ако некогаш езерото било само на чекор од рестораните и уредените плажи, сега крајезерските појаси се обраснати со трева и 100 чекори ги делат посетителите од водата, која е плитка и заматена.

Извор: DW Македонски