Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат за да се најде решение. Мислам дека не треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание на политичките флоскули од страна на поранешните членови на Историската комисија. Потрошени се стотици илјади народни пари и евра за нешто кое што резултираше со капитулација прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи. Мислам дека отсуството на доверба на оваа влада која што доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија, е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучи, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја реакцијата на поранешните членови на Историската комисија.
Мицкоски денеска изјави дека ќе се спроведе истрага колкави хонорари се исплаќале и како се трошеле парите во Комисијата.