(ФОТО) Градоначалникот Пецаков на средба со учесниците на Школата за безбедност 2024

0
12

Денеска гости ми беа учесниците на Школата за безбедност 2024, која е во организација на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje , а е во соработка со три факултети од регионот.
На средбата во моето излагање се осврнав на кризните ситуации со кои се соочувал Охрид низ минатото, како и последната со пожарите. Тука ја истакнав потребата од реформа на системот за реагирање и справување со кризни состојби. Низ дебатата која ја развивме со учесниците произлегоа интересни заклучоци кои со задоволство ќе ги проследам до надлежните.
Се радувам секогаш кога преку вакви средби произлегуваат интересни идеи и предлози за унапредување на системот и затоа постојано сум достапен за остварување токму вакви средби, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.