Викендов свежо, ветровито и со услови за слаб дожд!

0
18

За време на претстојниот викенд и понатаму времето во Македонија ќе биде многу променливо, но ќе има и сончеви периоди. Ќе има  и услови за слаб локален дожд, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој особено Долж Повардарието, и тоа утре (сабота) ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот утре (сабота) повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во Скопје максималната температура за време на претстојниот викенд ќе се искачи до околу 20 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk