Најмалку 19 загинати во автобуска несреќа во Мексико

19 лица загинаа во автобуска несреќа во Мексико. Повредени се и шест лица, соопштија мексиканските власти.

Автобусот бил на пат во саботата од градот Тепиќ, на западот на земјата, кон Сиудад Хуарез посеверно. На автопатот во државата Закатекас возилото се судрило со полуприколка која се одвоила од камион. Поради тоа автобусот се превртел и го напуштил патот.

Повредените се пренесени во болница во Закатекас, централно Мексико. По несреќата извесно време автопатот бил затворен.

извор: НОС Холандија