Руската противвоздушна одбрана синоќа уништи најмалку триесет украински беспилотни летала. Ова го соопшти руското Министерство за одбрана на Telegram.
Според рускиот гувернер Глаков, беспилотните летала биле уништени над регионите Воронеж, Брјанск, Ориол, Липецк и Белгород во јужна Русија. Оштетени се и некои автомобили, објави Глаков на Телеграм.
Гувернерот на регионот Тамбов – околу 450 километри југоисточно од Москва – на Телеграм вели дека украинско беспилотно летало се урнало во областа Мичурински. Според него, тоа предизвикало пожар, кој брзо бил изгаснат. Нема повредени или материјална штета, напиша гувернерот.
Руското Министерство за одбрана ги споменува само бројките на соборените дронови. Не е познато колку дронови се лансирани.
извор: НОС Холандија