Еден од креаторите на Андроид е убиен. Бил избоден на улица

Почина Боб Ли (43), еден од креаторите на Android и популарната апликација за мобилно плаќање Cash App. Си-Ен-Ен објави дека технолошкиот магнат починал откако бил избоден со нож во Сан Франциско.

 

Веста за неговата смрт ја потврди Џош Голдбард, директор на компанијата MobileCoin каде што работеше Ли. Голдбард го опиша Ли како „вистинска сила на природата“.

 

„Тој беше создаден за светот кој сега се создава. Тој го постигна она на што му беше ум, без разлика колку е лудо“, изјави Голдбард. Тој на Твитер напиша дека има повеќе прашања отколку одговори за смртта на Ли.

„Не знам како да го поправам тоа, но нешто не е во ред во нашиот сив град. Боб прерано го напушти овој свет“, напиша Голдбард на Твитер.

 

Од здобиените повреди починал, полицијата го истражува случајот

Во полицискиот извештај се наведува дека 43-годишен маж бил пронајден со убодни рани вчера рано наутро во областа Ринкон. Но, полицијата во пријавата не навела дека тоа е Ли. Тие напишаа дека мажот добил итна медицинска помош и бил пренесен во локална болница.

 

Оттаму известија дека 43-годишниот маж починал од повредите и покрај напорите на лекарите. Неименувани полициски извори за локалните медиуми изјавиле дека Ли бил избоден со нож. Насилникот се уште не е фатен, а истрагата е во тек, извести полицијата.

Милијардерот Илон Маск, кој е дел од технолошкиот свет, ја коментираше смртта на Ли. Тој рече дека му е жал што ја слушнал веста.

 

index.hr